Во гимназијата „Гоце Делчев“ спортски турнир

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ ќе биде домаќин и организатор на мал турнир во спорт. Станува збор за иницијатива на Ученичкиот парламент на училиштето на чело со Луна Димитриевска и Михаела Димковска кои овој настан го организираат во соработка со наставникот Горан Томовски.

Како што се вели во повикот, целта е да се покаже спортскиот дух со учтивост дури и при пораз и одржување на самодисциплина во однос на другите. Да научат учениците што значи фер игра и да ги почитуваат правилата на играта.

Сите заинтересирани ученции на Гимназијата може да се пријават кај нивните претседатели на класот и да посочат за кој спорт ќе се определат.

Коментари

коментар(и)