Во гимназијата отворена младинска канцеларија

Учениците од гимназијата Гоце Делчев од денеска имаат можност да користат младинска канцеларија. Во истата тие може да учат, да се информираат за одредени активности, другаруваат и слично. Младинската канцеларија всушност  е резултат на успешното спроведување на проектот Гласот на младите Македонија, кој минатата година го реализираше Центарот за интеркултурен дијалог ЦИД. Целта на проектот беше да се поттикнат младите да бидат активни чинители на промените во општеството.

-Младинската канцеларија ја отвораме со цел младите да можат да добијат повеќе информации се надеваме дека ќе успееме да ја доведеме во една добра функција и за време на летниот распуст ќе може да функционира каде ќе имаме некои собири ќе можеме да се информираме за различни настани, обуки и тренинзи со цел младите да бидат поактивни и да се запознаат со она што им го нуди општеството-истакна Моника Спасовска, ученик во гимназијата Гоце Делчев.

Од канцеларијата истакнаа дека ќе функционираат во две смени, а вратите ќе бидат отворени за сите ученици од гиманзијата. Во проектот на ЦИД, покрај гимназијата Гоце Делчев, беа вклучени и средношколци од Сами Фрашери, Липково и Старо Нагоричане.

Коментари

коментар(и)