Во завршна фаза е уредувањето на Спомен Костурница

Во завршна фаза е проектот за уредување на спортско-рекреативниот комплекс Спомен Костурница.

Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, поставена е вештачка трева и заштитна ограда со метална конструкција од 3 метри на 3 фудбалски терени со вкупна површина од 2400 м2, поставени се нови клупи, соблекувална и асфалтиран е нов паркинг простор.

– Активно се работи на изградба на амфитеатар, поставување на кошаркарско игралиште, тениски терен и детско катче, додава градоначалникот.

Следува поставување на фитнес справи за вежбање на отворен простор, вели тој, а и уредување на трим патеки и поставување дополнителна урбана опрема.

 

Коментари

коментар(и)