Во „Зафир Сајто“ непречено се спроведува вакцинацијата (ВИДЕО)

Во текот на вчерашниот ден во домот за стари лица се вакцинирани 33 корисници, додека останите 48 пријавени се вакцинираат во текот на денешниот ден. Во домот има вкупно 131 лице од кои 80 од нив решиле да се имунизираат. Вакцинирањето се одвива вo просториите на домот за стари лица „Зафир Сајто“, а инаку досега од почетокот на пандемијата вкупниот број на заболени вработени бил 6, а бројот на корисници изнесувал 11, од кои 4 лица починале како последица на вирусот.

Директорот уште еднаш нагласи дека посетите во домот се сеуште забранети, но од друга страна корисниците се во постојан контакт со нивните семјства преку социјалните мрежи и телефонската линија, се со единствена цел да се спречи ширењето на вирусот.

Коментари

коментар(и)