Во издание на Општина Куманово – „Навраќање кон Конески“

Во издание на Општина Куманово од печат излезе зборник „Навраќање кон Конески“, што го приредија Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетскa професорка и истакната македонска историчарка на книжевност, книжевен теоретичар и славист.

Со овој зборник Општина Куманово се приклучува кон сеопштото одбележување на стогодишнината од раѓањето на великанот на современата македонска култура Блаже Конески. Зборникот содржи избрани трудови на 29 врвни познавачи на животот и делото на великанот Блаже Конески, кои во целина ќе предизвикаат нови проширени сфаќања и оценки за неговото грандиозно дело.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во името на издавачот – Општина Куманово, за зборникот, меѓу другото, истакнува дека ова претставува вистински начин да го сочуваме сопственото јас, да продолжиме да го негуваме и чуваме од заборав сето она што со години некој неуморно го градел и создавал.

Коментари

коментар(и)