Во „Киро Бурназ“ обука за инклузивно образование

Во државното средно училиште регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“се одржа дводневна работилница на тема: „Воведна обука за подигнување на свеста за потребата од создавање услови за ИНКЛУЗИВНО образование согласно Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попречности и Глобалните цели за одржлив развој“.

Воведната работилница е дел од инцијативата на Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за подигнување на свеста за потребата од креирање поинклузивен образовен систем за сите ученици и учесници во процесот.

Училиштето во иднина би требало да го предводи процесот на инклузивно образование во регионот.

Коментари

коментар(и)