Во „Крсте Мисирков“ реализирана акцијата „Садница плус“

Во основното училиште „Крсте Мисирков“ денеска беше спроведена пролетната акција Садница плус, која е дел од Ден на дрвото.  На учениците од 8 одделение им беше поделен семенски материјал за садење семки од ела, за да научат како се садат дрвцата, но и дека треба да се грижат за нив. Професорката по биологија,  Снежана Јовановска истакна дека учениците со задоволство прифатиле да учествуваат во акцијата.

-Ова е една мотивација, да се развие еколошката свест кај учениците да засадуваат, бидејќи тие знаат дека самите растенија се филтри на природата, услов за живот, сето тоа е реализирано во наставните единици кои ги имаат по биологија, и другите природни науки. Тоа е целта учениците да стекнат навика како да ги чуваат зелените растенија кои се филтри на планетава-изјави таа.

Професорката Јовановска нагласи дека и минатата година учествувале во оваа акција, но за жал семето не им успеало.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)