(ВИДЕО) Во Куманово имунизирани над 16.600 лица

Продолжува вакцинацијата на граѓаните од североистокот. Досега се вакцинирани над 16.600 лица. Од Здравствениот дом информираат дека се спроведува имунизацијата за прва но и втора доза. Интерес има кај сите жители, без оглед дали се од градовите или руралните средини. Нагласуваат и дека има доволни количини вакцини.

-Дневно по 300 лица, даваме од сите вакцини, има прва има втора доза. Се намали возрасната граница, доаѓаат и помлади луѓе-изјави Сузана Атанасовска, докторка Здравствен дом Куманово.

Од Здравствениот дом укажуваат и дека е во тек вакцинацијата на наставниците од основните и средни училишта од Куманово и Липково. Вакцинирани се дел од наставниците кои наставниот процес го реализираат со физичко присуство. Но, дел од воспитно образовниот кадар и сам си закажал термин за вакцинација.

-Почната е и нивната имунизација, во тек е и правењето на списоци од страна на директорите на училиштата, доставување на тие списоци и продолжува Секако во самиот начин на нивната работа, контакт со луѓе, очекуваме да бидат заинтересирани и да има поголем одзив за вакцинирање-дополни таа.

Инаку ревакцинацијата со „АстраЗенека“ која ќе почне да се спроведува од 24-ти, ќе се реализираа на пунтот во Бедиње.

Кумановци кои што ги прашавме укажуваат дека се задоволни од начинот на имунизација.

Коментари

коментар(и)