(ВИДЕО) Во Куманово отворен првиот Младински центар

Во Куманово е отворен Младински центар, кој е прв во државата, согласно Законот заз младинско учество и младински политики и стандарди, како соодветен простор, каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку неформално учење низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од страна на младите, менторство, информирање. Младинскиот центар се наоѓа во просториите на Мулти-култи, во населбата Тоде Мендол. На свеченото отворање присуствуваше премиерот на државата, Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, директорот на АМС, Наумче Мојсоски.

-Ми претставува чест и задоволство што денеска во мултикултурно Куманово се отвора првиот младински центар во нашата држава. со овој настан ја потврдуваме нашата цврста определа за вложување во младинската инфраструктура и за зајакнување на учеството на владите во процесите на креирање на младински политики и носење одлуки. Со отворањето на овие центри сакаме  да обезбедиме простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите. Ова ќе го постигнеме преку неформално образование, низ учество во забавни и волонтерски активности-истакна Заев.

-За нас како општина е чест да се отвори првиот младински центар токму во наше Куманово. Куманово е еден широк колорит и реален мултиетнички центар кој го претставуваат сите заедници кои што живеаат на територијата на нашата држава. Уште поголема е радоста за мене како градоначалник што на еден начин добиваме и признание како општина во делот на заложбите и работењето на сите младински организации кои во континуитет функционираат во нашиот град-дополни Димитриевски.

Тие подоцна присуствуваа и на свеченото пуштање во употреба на игралиштето во Соколана, како прва фаза од трите предвидени во проектот за реконструкција на овој објект, каде се одржуваа единствените и неповторливи спортски турнири, како центар на внимание на спортската јавност во поранешна Југославија и културно-забавниот живот преку незаборавните матинеа и игранки, е особено значајно за спортскиот живот во нашиот град.

Коментари

коментар(и)