Во Куманово се регистрирани 69 нови случаи и двајца починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 357, Битола – 85, Куманово – 69, Прилеп – 43, Велес – 39, Охрид – 36, Тетово – 34, Струмица и Кочани – по 29, Гостивар – 28, Штип – 26, Кавадарци – 25, Кичево – 21, Гевгелија – 14, Свети Николе – 13, Струга – 11, Ресен и Радовиш – по 10, Делчево и Виница – по 9, Неготино, Берово и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци – 5, Дебар и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Крушево и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 737 оздравени пациенти од:
Скопје – 380, Прилеп – 42, Велес – 39, Куманово – 32, Кавадарци – 26, Битола – 25, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Тетово – 20, Штип и Крушево – по 16, Неготино – 13, Кочани и Струмица – по 11, Радовиш и Делчево – по 7, Демир Капија – 6, Берово, Кичево и Македонски Брод – по 5, Ресен и Виница – по 4, Богданци, Пробиштип и Пехчево – по 3, Охрид, Свети Николе, Крива Паланка и Дојран – по 2, Валандово и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица: 11 од Скопје (54г, 67г , 68г, 70г, 71г, 72г ,72г, 75г 77г, 86г и 87г), по 3 лица од Битола (49г, 66г и 74г) и Тетово (40г, 65г и 85г), по 2 починати лица од Куманово ( 66г и 84г), Прилеп (67г и 75г), Охрид (72г и 84г) и Гевгелија (25г и 76г) и по едно лице од Кочани (58г), Штип (65г), Кавадарци (58г), Струга (65г), Радовиш (74г), Делчево (79г), Неготино (87г) и Берово (87г).

Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.

Направени се 3.610 тестови преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–78, МАНУ-158, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-208, Биотек-241, Систина-214, лабораторија Лаор-351, Синлаб – 63, Ремедика-46, Плодност – 60, Генеа – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.187.

Досега во земјата се направени вкупно 677.988 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.

Коментари

коментар(и)