Во Куманово 81 лице е казнето за неносење маска и 3 за прекршување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.04/09.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 112 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 81, во Крива Паланка 21 и во Кратово 10.

За истите, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 3 лица не ја почитувале забраната за движење и тие ќе бидат соодветно санкционирани.

Коментари

коментар(и)