Во поранешна фарма во Речица откриени 15 мигранти

Полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, вчера на исклучувањето за село Речица, кумановско, на автопатот Куманово-Табановце, во објекти на поранешна фарма, пронашле 15 мигранти, информира полицијата. Двајца од нив биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце.  За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментари

коментар(и)