Во сообраќајна незгода повреден возач

Дваесет и седумгодишно лице се здобило со тешки телесни повреди, по сообраќајната незгода која се случила вчера на клучката од автопатот за граничниот премин Табановце-Куманово на место викано Милано. Според СВР Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(22 години) од Куманово и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(27 години) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)