Во среда ќе се чисти стариот градски парк

„Кумановски акцијаши“  заедно со вработените во јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ и учениците од основните и средни училишта од градот, 5-ти јуни, Денот на заштита и унапредување на животната средина ќе го одбележи со еколошка акција на градскиот парк. Станува збор за уредување на тревата, патеките, a aкцијата ќе започне во девет часот. Од здружението се надеваат дека најмногу помош ќе добијат од учениците.

-Еден добар знак за нас кумановци е што кај младата генерација еколошката свест постои и постепено се развива со тоа што имаме основни училишта кои во континуитет учествуваат веќе 2-3 години и средни училишта тука би ги спомнал основното училиште Браќа Миладиновци, Кочо Рацин, Крсте Мисирков, средното Киро Бурзан, Наце Буѓони, Перо Наков кои во континуитет на сите наши акции почнувајќи од 2015-та година учествуваат-истакна Јусуф Љатифи, претседател на ЗГ „Кумановски акцијаши“.

Наредниот месец, Кумановски акцијаши ќе се приклучат на младинската работна акција во Нови Пазар.

-Би ги поканил сите заинтересирани граѓани без разлика дали се наши членови или не, а имаат желба да учествуваат на класична работна акција можат да ни се јават. Се работи на уредување на крајбрежјето на езеро во близина на Нови Пазар, таму ќе учествуваат 100 бригадири, од Куманово 20. Првата смена ќе биде од 14 ти јули до 21 јули и втората од 22 –ри до 29-ти  јули. Владата на Република Србија во континуитет од 2014 година организира вакви младински акции давајќи знак дека оправданоста за постоење на вакви работи во средини каде економски се слаби е многу значајна, затоа што на тој начин добивате на оној план каде волонтеризмот се шири, развива и придонесува за својата општествена заедница-дополни Љатифи.

Пријавувањето ќе трае до 15-ти месецов, а е планирано да се формираат две младински бригади.

Коментари

коментар(и)