Во тек аплицирање за сместување во студентски домови

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16-ти месецов.

Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде истите треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата.

Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30-ти месецов, на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

Коментари

коментар(и)