Во тек е обука за напредни ИТ вештини

Над 40 невработени лица деновиве присуствуваат на обука за напредни ИТ вештини, која се спроведува во основното училиште Крсте Мисирков, а ја организира Агенцијата за вработување. Невработените кои го изучуваат  целиот пакет Microsoft office, се на различна возраст. Тие се поделени во две групи на основно и повисоко ниво.

-Ние направивме една анкета за да видиме колку знаат, за да ги направиме соодветно групите, некој е пониско, некој повисоко ниво. Заинтересираноста е голема, во смисла активноста на часот пратат, работат, секое време, дома вежбаат. Обуката трае 2 месеци, континуирано овој летен период од септември ќе трае по 3 месеци, има доволно време, сеанса имаат 36 часа-изјави Бобан Поповски професор по информатика во ОУ Крсте Мисирков.

Според надлежните ова е одлична можност невработените лица кои што имаат основни познавања за информатички технологии, да го надградат своето знаење. Од друга страна со сертификатот можностите за вработување се далеку поголеми.

-Да имаат некоја основа бидејќи знаеме дека во секоја гранка информатика е застапена, некоја основна работа е во Word, Excel, Powerpoint, со интернет технологија да може да пратат меил, тоа е основен курс но имаме и напредна група имаме млади учесници кои само што завршиле факултет и тука работиме многу понапредно ниво-додаде Поповски.

Во проектот кој треба да трае до 2017 година, е предвидено да бидат опфатени 100 лица.

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)