Во тек е пријавувањето за „Маскенбал“

До 31 март годинава трае пријавувањето за учество на деца и младинци на традиционалната манифестација „Маскенбал “  . Конкурсот е објавен од центарот за култура„  Трајко Прокопиев“.

 

-Заинтересираните можат да се пријавуваат секој работен ден до 14 часот, изјави Сашо Костовски, в.д.директор на центар за култура „Трајко Прокопиев“

 

Манифестацијата ќе се одржи на 1.април со почеток во 19 часот.

Годинешнава манифестација ќе ја водат актерите од Tеатар, Куманово , Марко Трајковиќ и Александра Михајловска. На манифестацијата стручно жири ќе додели прва,втора и трета награда, награда за иновативна маска, групна маска и за сценски настап.

 

 

Коментари

коментар(и)