Вработените од „Ангел Шајче“ на протест пред општината, Димитриевски на своја одговорност ја потпиша платата

Вработени од градинката „Ангел Шајче“, членови на синдикалната организација денеска протестираа пред општина Куманово незадоволни заради неисплатената јунска плата.

Тројца претставници на СОНК од градинката беа повикани на состанок со градоначалникот Максим Димитриевски и раководителот на Секторот за социјална заштита Александар Крстевски каде им било соопштено дека решението за плата за сите што се во редовен работен однос е веќе потпишано и платата ќе им биде исплатена.

Зошто доцни јунската плата на вработените во градинките во Куманово од изјавите на Цветанка Митевска од Регионален одбор на СОНК и синдикатот на градинката и Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.

„Денеска на своја одговорност ја потпишав платата за вас, сите што сте во редовен работен однос и истата ќе ви биде исплатена, а што се однесува до седумте спорни лица ќе пуштам барање до надлежен инспекторат да направи увид и да поведе постапка за лице кое не постапило согласно законот. Така да тоа е ваше право е да протестирате, јас како градоначалник сум задоволен од услугите што вие како јавна институција ги давате кон граѓаните и децата, но мора една работа да ви напоменам, дека кападакиско однесување на ниту еден директор во јавна институција или јавно претпријатие нема да се почитува од моја страна“, изјави Димитриевски.

Коментари

коментар(и)