Вршеле меѓународен превоз, без соодветна документација

Изминативе три дена, од страна на полициски службеници од полициските станици од граничните премини Табановце и Блаце, при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на седум моторни возила, од кои три патнички возила, три автобуси и еден минибус, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци, односно непоседување на законски пропишаната документација.На Блаце, при контрола на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.С.(41 година) од Гостивар, било констатирано дека врши  меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. НаТабановце, при контрола на минибус, управуван од Б.Џ.(60 година) од Желино, патничко возило комби „форд транзит“, управувано од В.Г.(44 години) од Струмица, патничко возило „опел вектра“, управувано од С.Д.(47 години) од Куманово, автобус управуван од С.Е.(49 години) од Тетово, автобус управуван од Ј.Г.(38 години) од Дебар и патничко возило комби управувано од Е.А.(55 години) од Куманово, сите со македонска национална ознака, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

Коментари

коментар(и)