Вршеле меѓународен превоз без соодветна документација

При извршена контрола на граничниот премин Табановце на две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници, било откриено дека не поседувале соодветна документација. Имено, завчера при контрола на возилата „форд транзит“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27 години) од Прилеп и „опел“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.С.(31 година) од село Романовце, кумановско, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Коментари

коментар(и)