Гимназијалката Лина Јовановска на државен натпревар по француски јазик

Гимназијата „ Гоце Делчев“ изминатиот викенд беше домаќин на Регионален натпревар од спелување по француски јазик за основни и средни училишта. На натпреварот учество зедоа три гимназијалки, сите под менторство на професорката по француски јазик Милена Денчевска.

Лина Јовановска, ученичка во второ-3 освои трето место и со тоа се пласираше за учество на државен натпревар.

Истиот ден, в саботата од страна на Францускиот институт од Скопје, во гимназијата беше организирана обука за користење на белата табла на часовите во билингвалните паралелки. На обуката учествуваа професори од „ Гоце Делчев“ и од основното училиште ,,Крсте Мисирков”, сите дел од проектот билингвална настава на македонски и француски јазик.

Коментари

коментар(и)