Гимназијалци бојадисуваа јајца со членовите на „Порака наша“

Волонтери од Гимназијата „Гоце Делчев“ со професорката по македонски јазик Ангела Петковска го посетија Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.

Гимназијалците претходно со останатите соученици собрале парична донација за корисниците на услугите на центарот, а вчера организираа ликовна работилница и бојадисување велигденски јајца во нивните простории.

– Целта на посетата беше да се споделат убавите чувства и моменти пред големиот христијански празник Велигден, празник на љубов, верба, човечност, кој секогаш потсетува дека сите сме исти и сите имаме право на среќа, изјави професорката Петковска.

Коментари

коментар(и)