Гимназијата- домаќин на странски ученици и професори

„Ослободување на нашите умови од стеротипни идеи“ е насловен проектот за борба против дискриминација , предрасуди и стереотипи што го реализира гимназијата „ Гоце Делчев “ заедно со училишта од Португалија, Литванија, Турција и Романија. Во рамките на проектот гимназијата  е домаќин на ученици и наставници од четирите држави.

Координаторот на проектот, Лусина Бенто изјави дека е задоволна од начинот на кој се одвива проектот во петте држави и истакна дека главна цел е учениците и наставниците да ги надминат предрасудите и да бидат со отворен ум кон различностите.

-Моментално во нашата држава и училиште се обработува темата религија и стереотипите поврзани со религија, така што покрај работилници, креативни изразувања, планираме и посети на верски објекти, џамија,  синагога, католичката и православните цркви, изјави Валентина Каранфиловиќ, локален координатор на проектот

Проектот почна да се спроведува во 2018-та  и ќе трае до 2020-та година.Ова е четврта средба на учесници по веќе одржаните во Турција, Португалија и Романија. Последната средба, најавија учесниците ќе се одржи наредната година во Литванија.  

Коментари

коментар(и)