Годишнина од загинувањето на Панче Пешев

На 5-ти јуни во 1944 година револуционерот Панче Пешев загинал во судир со бугарската војска во Кушкулија, струмичко. Годишнината од неговото загинување традиционално ја одбележува Соузот на борците од Куманово. Членови на здружението денеска положија цвеќе пред бистата на Панче Пешев во дворот на истоименото нижо музичко училиште во градот. Борците со гордост се сеќаваат на неговата храброст и придонесот во Народно-ослободителната борба.

-Тој е роден во Велес во 1915 година, а на петгодишна возраст дошол во куманово каде се образувал и посетувал музичко училиште. Секогаш бил во првите редови , и не се сложувал со одредените ненародни движења од тој период, изјави Благе Јакимовски, секретар на Сојуз на борци-Куманово

Панче Пешев учествувал во основањето на Козјачкиот партизански одред, подоцна се приклучува на Велешкиот одред, во 1943 година станува борец на Кумановскиот партизански одред , а потоа и на Третата македонска ударна бригада, раскажува претседателот на кумановската боречка организација Спирко Зафировски.

Како борец на бригадата Панче Пешев ја компонира музиката на најубавата и најпопуларна македонска борбена песна од НОВ, која станува и Марш на Третата македонска бригада „Ко челик сме ние“. Во негова чест Сојузот на композиторите на Македонија ја доделува наградата „Панче Пешев“ за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологија.  Во Куманово, освен музичкото училиште неговото име го носат и една улица, месна заедница и културно-уметничко друштво .

Коментари

коментар(и)