Управителот на регионалната телевизија МТМ – Скопје, Гордана Андреевска вечерва гостува во емисијата „СТАВ“ на ТВ Плус.
Андреевска ќе зборува за актуелниот штрајк на регионалните и локалните електронски медиуми, за причините поради кои што се одлучија на гаснење на програмата и повлекување на новинарските екипи од прес-конференциите, за нивните барањата, но и дали здружението „Медиум објектив“ очекува поддршка од надлежните институции.
Емисијата започнува во 20 часот.