Градоначалникот побара од такси компаниите намалување на цената во периодот на вонредна состојба

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски одржа состанок со претставници од четири лиценцирани такси компании од градот: Принц, Спид, Ало Џокер и Лукс такси. На состанокот се дефинира начинот на спроведување на такси услугите во овој период на вонредна состојба, како и начинот на превоз за итни случаи во време на полициски час. Исто така на состанокот беше договорено цената на такси услигите да се намали стартот од 60 на 50 денари, како мал допринос и помош на општествено одговорни компании во овој период.

Воедно такси услугите за итни потреби на граѓаните ќе можат да се одвиваат и во период на полициски час по претходна најава на самите граѓани во СВР Куманово на број 192 со образложение за итноста. На состанокот се напомена да се почитуваат препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија за ограничувања во такси превозот и одржување на минимум дистанца во возилото на патниците. Задолжително по извршениот такси превоз компаниите се должни да ги дезинфицираат возилата по секој извршен превоз.

За таа цел на компаниите Општинскиот штаб за заштита и спасување на такси компаниите од нашиот град им подари средства за дезинфекција на возилата и заштитни маски.

Коментари

коментар(и)