Градоначалникот на средба со членки од Клубот за млади пратеници

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска се сретна со пратеничките-членки на Клубот за млади пратеници во Собранието, Фискине Бектеши-Шаќири и Сафије Садики-Шаини и претставникот на Фондацијата за демократија Вестминстер (ВФД), Дона Костуранова.

-Разговаравме за унапредување на интересите на младите луѓе, преку континуирана соработка и комуникација со младински организации и ресорни институции, со цел подобрување на состојбите со младите и остварување на нивните секојдневни потреби и права.  Дискутиравме и за функционирањето на Младинскиот центар, кој е прв во државата согласно Законот за младинско учество и младински политики и стандардите за младински центри, за канцеларијата за млади во Куманово, како и за изготвување на Стратегија за млади на локално ниво-напиша на „Фејсбук“ Димитриевски.

Коментари

коментар(и)