Градоначалникот ќе го прифати предлогот за кружен тек

Градоначаланикот на општина Куманово,Зоран Дамјановски  на денешната прес конференција,која следеше како одговор на обвинувањата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, рече дека е  отворен за идеи и дека ќе ја прифати иницијативата за изградба на кружен тек кај крстосницата на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“, но дека претходно е потребно да се донесе идејно решение за оваа крстосница.

Тој рече дека етaпно се работи и на санација и реконструкција на улиците во две зони од градот и најави дека ќе заврши до крајот на јуни.

Коментари

коментар(и)