Градската библиотека доби 228 нови дела

Библиотеката „Тане Георгиевски“ го збогати книжниот фонд со 228 нови наслови и вкупно 623 новопечатени книги. Набавката е направена по завршувањето на саемот на книгата и се состои од најразлични жанрови.  Застапени се светски бестцелери, македонски и љубовни романи, мемоари,  криминалистика, научна фантастика и сликовници за најмладите. Книгите се на македонски, албански и српски јазик и се наменети за сите читатели.

– Набавката е направена од десетте најреномирани издавачки куќи во Македонија и вредна е речиси 200 илјади денари. Ова е првата набавка што се прави во текот на оваа година, а во втората е набавка на лектири за учениците од основните и средните училишта, вели Нада Ивановска, директор на Библиотеката „Тане Георгиевски“.

Новите книги се обработени и пуштени на користење, а голем број од нив интензивно се позајмуваат од страна на читателите. Градската библиотека при избор на книгите го следи вкусот и потребите на корисниците. Подеднакво се застапени светските но и домашните автори.

Коментари

коментар(и)