Граѓани бараат да не се суспендира ДУП-от кај „Школска“

Група жители доставиле јавен апел до општинските власти на утрешната седница на Советот на Општина Куманово, да се повлече од дневен ред точката за супендирање на деталниот урбанистички план во нивниот урбан блок, околу гимназијата „Гоце Делчев“ и „Школската амбуланта“.

Во дописот испратен до медиумите информираат дека најзасегнати се граѓаните, сопственици на парцели во старото градско јадро, кои велат по ваквата одлука би претпреле голема штета.

Појаснуваат дека истиот беше усвоен во 2021-та година, а петицијата е доставена до градоначалникот, Советот и Комисијата за урбанизам.

Овие граѓани укажуваат дека за разлика од инвестициите кај Зелениот пазар, за овој урбан дел тврдењата биле дека улиците се тесни, и има проблем со висината на градбите.

-Колку за споредба предметниот урбан блок е за четири пати помал од 1 мај. Пристапната улица ул.Зелен Пазар на 1 мај е потесна од новопроектираната улица за предметниот блок, а висината е дури за 6м пониска од висината на 1 мај-се наведува во соопштението од граѓаните.

 

 

Коментари

коментар(и)