ГРОМ: Да покажеме висока политичка култура

Од досегашните политички превирања најголема штета претрпеле државните институции без разлика дали станува збор за законодавните, судските, здраствените, образовните, спортските смета Граѓанската опција за Македонија, која посочува дека претстојните парламентарни избори се последна шанса да се застане на патот на уривањето на државата. На денешната пресконференција ГРОМ  порача дека граѓаните мора да и помогнат на државата да ги преброди тешкотиите во кои се наоѓа веќе подолг временски период.

ГРОМ смета дека одредени луѓе се борат преку политиката да ги остварат своите лични и групни интереси не водејќи сметка за националниот интерес со што нанесуваат штета на нашата држава.

Петрушевски на крајот повторно ги  повика граѓаните на одговорност и свесност за моментот во кој се наоѓа државата со цел да и помогнат .

Коментари

коментар(и)