(ВИДЕО) Давидовиќ: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди нов концепт за развој на градот

„Максим Димитриевски и СДСМ ветуваа европско Куманово и многу капитални проекти, а зад себе оставија огромна нула“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ОК ВМРО- ДПМНЕ, Милан Давидовиќ. Според него, освен монтажната катна гаража која видно го обезличила и нагрдила центарот на Куманово, други проекти локалната власт нема реализирано.

-Димитриевски  е еден од малкуте градоначалници кој нема започнато ниту еден капитален проект во својот мандат, а патем да има потрошено 4 годишни буџети кои заедно тежат околу 115 милиони евра. Нема ново основно училиште ,нема нов цевковод Липково-Куманово,со кој требаше на долг рок да се реши проблемот со водоснабдување, ги нема никаде ветените пет катни гаражи во градот,со кои требаше на долг рок да се реши проблемот со паркирањето,а го нема и долговетуваниот Генерален урбанистички план за општина Куманово. Нема нови детски градинки, нема проширување на гасификацијата и на крај нема почист воздух за кумановци. Сето тоа остана само напишано на хартија во програмата на Димитриевски и СДСМ, рече Милан Давидовиќ, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Максим Димитриевски и СДСМ немаат стратегија за одржлив развој на градот. ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди нов концепт за иден развој на Куманово, потецира Давидовиќ.

-На Куманово му е потребна нова енергија, нов концепт, нови луѓе со вистински идеи и проекти, и сигурна реализација на истите. На претстојните локални избори ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди таква енергија, и ќе понуди нов концепт за иден развој на град Куманово. Градот Куманово се сака со дела, со реализација на проекти, со вистински идејни решенија.

„ВМРО-ДПМНЕ како нова локална власт се обрзува дека ќе реализира сето она што ќе го вети во својата програма“, посочи Давидовиќ.

Коментари

коментар(и)