Далибор Китановиќ е новиот директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Далибор Китановиќ од Куманово е новиот директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Еран Куртиш.

„Доделена ми е сериозна задача, во исто време и предизвик да ја водам оваа институција која е од голема важност за сите заедници во Македонија. Со голема одговорност и посветеност, заедно со целиот тим на АОПЗ ќе работиме за унапредување и заштита на правата на сите етнички заедници. Им благодарам на досегашните директори за одличната соработка и им посакувам се најдобро во понатамошната кариера“, напиша Китановиќ на ФБ.

Китановиќ е член на Демократската партија на Србите во Македонија и претседател на културно-уметничкото друштво „Српски вез“.

Коментари

коментар(и)