Дамјановски: Нема криминал во ученичкиот превоз

 Со изнесување на невистини и лаги од ВМРО ДПМНЕ се нанесува огромна штета на авторитетот на општината. Да имало некаков криминал тоа досега ќе го обелоденела финансиската полиција  бидејќи низ општината поминале неколку ревизии и контроли од надлежните  коишто ги разгледувале разгледуваше договорите за превоз и тендерските постапки, одговори градоначалникот Зоран Дамјановски на обвинувањата на пратеникот Зоран Ѓорѓиевски дека општината и градоначалникот плаќале за 652 пати поскап превоз на ученици споредбено со Битола, а просечно се трошеле по 2 741 денар по изминат километар за ученик.

-Превозот на учениците никогаш не бил поскап од 5 денари. За учебната 2015-16 цената е 5,1 денари по км, за 2014-15 4,3 денари по км, а за 2013-14 е 4,7 денари по км.  изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Дамјановски потенцира дека никогаш досега се нема случено двојно фактурирање или фактурирање 36 дена во месецот, како што било  случај со некои општини каде што на власт е ВМРО ДПМНЕ. Градоначалникот Дамајновски го повика пратеникот Ѓорѓиевски да излезе пред јавноста и да објасни како ВМРО ДПМНЕ дошло до бројките кои што ги изнесе вчера на пресконференцијата во Скопје.

Дамјановски објаснува дека дневен билет  по ученик до 4 км е 50 денари, а до 7 км е 70 денари. Од тука произлегува дека цената за ученик е околу 5 денари километар, за неограничено возење во текот на денот. Исто така има и специјален превоз за деца до 14 години.

Списокот на ученици од 5.500 до 5.800, зависно од година, е издаден со адреса од самите училишта и врз основа на тоа се издаваат картите за возење.

Коментари

коментар(и)