Дамјановски организираше прием за 8-ми април

По повод 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, денеска ги прими претставниците од ромската заедница.  На средбата тие разговараа за проблемите со кои се соочува оваа популација, а градоначалникот потенцираше дека општината максимално се залага за унапредување на правата и нивна заштита.  Тој нагласи дека последниве 10-тина години има драстична разлика од влијанието кое што го имаат Ромите во општеството. Дамјановски додаде дека најголемата општина во државата, предничи во однос на импелементирање на основните човекови права на ромската заедница.

-Можам да констатирам дека имаме голем реципроцитет, пропроционалност на нивните вработувања во Куманово, меѓутоа на мое и нивно жалење не се етаблирани на истакнати места. Како прв човек на градот во најголемата општина каде ромската заедница зема значителен процент во етничкиот состав затоа и имаат јазик во службена употреба, им го честитам денот на Ромите-истакна тој.

Дамјановски нагласи дека и во иднина ќе продолжат да работат на подобрување на условите на живот на ромската заедница, здравството, образованието и слично. Шаип Рамадани, еден од претставниците на ромската заедница во Куманово апелираше до сите политички чинители да го кренат гласот за подобрување на животот на Ромите во државата

-Благодарејќи на советот и градоначалникот кои имаат разбирање за ромските проблеми во Куманово правиме максимум што можеме. Треба да почнеме од национално ниво за да завршиме на локално. Имаме локални акциони планови, национални. За жал до денеска не можевме во периодото т.е Декада на Ромите да ги завршиме сите проекти за Ромите и нивната положба-истакна тој.

Општина Куманово веќе низа години дава поддршка на ромските манифестации по повод Василица, Ѓурѓовден, Рома труба фест и слично.

 

 

Коментари

коментар(и)