Да се казни уништувањето на урбана опрема

Несовесни поединци и групи завчера во ноќните часови уништиле поголем дел од  клупите во градскиот парк Соколана. Кумановци велат дека е срамно по само неколку месеци, откако беа поставени целосно нови клупи, некој да ги украде. Тие бараат од надлежните сторителите да бидат казнети.

-Срамота е нови клупи да бидат уништени, да се најдат сторители-вели еден кумановец.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се согласи дека несовесните граѓани кои уништуваат урбана опрема мора да бидат казнети. Тој нагласи дека случајот ќе биде пријавен во полиција и апелираше до надлежните органи што поскоро да ги најдат сторителите.

– Доколку на некој му е потребна таква опрема нека дојде и нека се обрати директно до општината ќе најдеме начин да му обезбедиме, на овој начин се создава дополнителна штета и на нас, на општината и самите граѓани кои поставена клупа или поголем број на клупи во моментот не можат да користат. Ние секако ќе обезбедиме средства и ќе набавиме дополнителна опрема исто така ќе ги промениме, но ја користам можноста да апелирам до совесните граѓани кога ќе видат вакви слуачи да ги пријавуваат пред надлежните државни органи и тоа да се јават на 192 и да ги пријават не мора да остават податоци, можат да останат анонимни бидејќи сите ние заедно мораме да се бориме против ваквите појави-истакна Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово истакна дека општината има ангажирано чуварски служби на одредени локации во градот, како на Спомен костурница и Градскиот кеј, но сепак бидејќи се работи за поголеми површини, истите не можат да ги спречат граѓаните кога сакаат да направат штетно дело. Неодамна беа уништени и неколку корпи за отпадоци во централното градско подрачје, и во паркот на Пријателство, кој се наоѓа во близина на Спорската сала.

Коментари

коментар(и)