Да се укинат рестриктивните мерки, предлага Комисијата

На Кризниот штаб ќе му се предложи од утре да се укине целосно полицискиот час, ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица, напиша на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.

Препораките утрово биле донесени на Комисијата за заразни болести, бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова. За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.

Коментари

коментар(и)