„Да читаме македонски автори“ – активност на здружението „Биди своја“ и библиотеката

Библиотеката  „Тане Георгиевски” и здружението за општествена одговорност  „Биди своја” во период од пет месеци заедно ќе реализираат активност насловена „Да читаме македонски автори“. Целта на активноста која е дел од проектот  за трајни вредности „Пишувам кирилица, зборувам македонски” на здружението „ Биди своја” е поттик за читање на македонски автори од страна на учениците во основните и средните училишта.

Проектот ќе се реализира во период од две години (декември 2021- декември 2023 година).

Сите ученици од основните училишта(од V- IX одделение) и средните училишта(од I- IV година) кои во посочениот период ќе читаат македонски автори, ќе бидат евидентирани од вработените на библиотеката „Тане Георгиевски” . Активноста ќе биде мониторирана и од Лилјана Симонова( волонтер на здружението „Биди своја” ) – професор по македонска книжевност со јужнословенски книжевности и македонски јазик.

Најдобрите читатели ќе добијат колекции на книги од македонски автори наменети за нивната возраст.

Проектот „Пишувам кирилица, зборувам македонски” ќе се реализира во период од две години (декември 2021- декември 2023 година).

 

Коментари

коментар(и)