Двајца кумановци со кривични за нередите во Собранието

Две лица од Куманово се здобија со кривични пријави по инцидентите во Собранието, откако Министерството за внатрешни работи извршило детален преглед на видео записите од медиумите и камерите на законодавниот дом.

Четириесет и шестгодишниот И.Ј. се сомничи за Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, додека против 53-годишниот Т.Т. е поднесена кривична пријава под сомнение за Учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Се работи за советник од политичка група на ВМРО со коалицијата, Тони Трајковски, не знам тој човек до сега во мојата перцепција не бил милитантен човек, јас немам мислење такво меѓутоа на мое жалење констатирано е дека бил дел од толпата, дали е тоа негово амоволие или бил инициран не знам. Жал ми е што му се случува таква работа се надевам за еден човек кој се бави со политика, два мандати е советник не треба да се бави со насилни средства во политиката, меѓутоа еве во дадени моменти се случуваат – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Според Дамјановски независно за кого станува збор доколку органите на редот утврдат одговорност тогаш треба да одговараа. За црниот четврток вели дека е најцрната дамка во македонската демократија, меѓутоа кога станува збор за настаните на политичката сцена кумановскиот градоначалник има оптимистички став.

Имам чувство дека овие неколку дена полека, но сигурно стабилизирано е политичкото миље во Македонија и објективно се надевам, не само моја перцепција дека полека, но сигурно ќе има мирнатранзиција на власт. Се надевам во наредните периоди да се разрешат и вчера влегување на Талат Џафери во кабинетот, дефинитивно се легитимира денеск аочекуваме Службен весник и потоа да се отпочне формирањето на Влада, тоа е некое понатамошно решение, како ќе оди тоа не можам од оваа перспектива да проценам само се надевам дека ќе има некое разбирање и кохабитација на релација претседател на држава, претседател на парламент и формираното мнозинство и тука на некој начин ќе се стабилизираат работите во однос на политичкиот дел – додава Дамјановски.

Создавањето на Владата треба да донесе решение на дилемата што ќе се случува со локалните самоуправи од 15ти мај, кога истекуваат мандатите на советниците и градоначалниците. Дамјановски истакна дека најверојатно ќе следува промена на неколку членови од Избирачкиот законик и наскоро ќе има нови избори.

Како и да е во наредните неколку месеци ништо спектакуларно нема да се случува во Република Македонија, ние ако го добиеме мандатот, односно ако добиеме согласност во измената на законската регулатива во избирачкиот закон ќе имавме право во овие три месеци несметано да функционираме како јавен интерес, се она што е граѓански интерес во локалните самоуправи и тоа не само во Куманово и се надевам дека ова ќе иде поедноставно и ако денеска излезе објавата во Службен веник мислам дека до 12ти ќе се реши тоа – рече градоначалникот Дамјановски.

Инаку Талат Џафери вчера ја презеде функцијата претседател на Собранието на Република Македонија, а деновиве се очекува и официјално одлуката да излезе во Службен весник. Паралелно со тоа органите на прогонот продолжуваат да ги расчиствуваат инцидентите кои се случија во законодавниот дом кога стотици граѓани беа повредени.

Коментари

коментар(и)