Двајца новозаболени кумановци, активни девет случаи

Двајца новозаболени кумановци, а вкупно 86 лица позитивни на коронавирусот регистрира министерството за здравство во изминатото деноноќие.  Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции.

Евидентирани се  и 105 оздравени пациенти, а во во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г).

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 782,  во Куманово 9.

Коментари

коментар(и)