Двајца новозаболени кумановци од Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19, од нив двајца новозаболени се од Куманово.

Евидентирани сe 49 оздравени пациенти од кои еден кумановец, а во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 491, во Куманово 21.

Коментари

коментар(и)