Двајца новозаболени кумановци, 21 нов случај во земјава

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 21 нов случај со Ковид-19 и 71 оздравен пациент.

Двајца од новозаболените се од Куманово.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително се регистрирани две починати лица.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 572.

Коментари

коментар(и)