Двајца новозаболени од Ковид 19 од Куманово

Во последните 3 дена (од 17-ти до 19-ти јуни) направени се 1.972 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на Ковид 19, информира Министерството за здравство.

Двајца од новозаболените се од Куманово, Скопје – 53, Битола и Прилеп – по 5, Велес – 3, Тетово и Струга – по 2, Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена (од 17 до 19.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице.

Бројот на активни случаи изнесува 351.

Коментари

коментар(и)