Две награди за фризерското студио „Нате “

Наташа Додевска, сопственичка на фризерското студио „Нате“ од Куманово, освои две награди на 22. Меѓународен фестивал на фризури и коса, кој викендов се одржа во Софија, Бугарија. 

Додевска во силна конкуренција освои прво и трето место за ретро и невестинска фризура. На натпреварувањето учествувале фризери од Бугарија, Италија, Косово, Либан, Сирија и други земји. Наташа беше единствена претставничка од Македонија.

Ова е нејзина трета награда на меѓународно натпреварување, по она во Скопје и во Подгорица, Црна Гора, што е потврда за нејзиниот квалитет во работата.

Студиото „Нате“ работи од 2001-та  година, а плановите на сопственичката се да отвори Академија за фризери, лиценцирана од Министерството за образование.

Кајрон, Наташа Додевска, сопственичка на фризерското студио „Нате“ од Куманово, освои две награди на 22. Меѓународен фестивал на фризури и коса

Коментари

коментар(и)