Двојно зголемено производството на сончоглед, вели Николовски

Годинава двојно е зголемено производството на сончоглед како суровина за производство на масло за јадење, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Голем придонес за ова, според министерот, е успешната политика на субвенционирање на земјоделците, која беше воведена по енормното поскапување на зејтинот во маркетите.

-Целта е да финансираме сончоглед кој ќе служи како суровина за масло зa јадење, а ќе ги користиме и капацитетите на нашите домашни преработувачи кои имаат капацитет и кои увезуваат, рече Николовски. Како што рече, станува збор, за двојно зголемено производство – околу 6.000 хектари се површините со пролетната сеидба со која што се опфатени. -Голем број добија. Сите аплицираа за поддршка за вештачко ѓубриво од 30 проценти, и очекуваме над 10. 000 тони сончоглед, што значи удвојување на производството само за краток период и покривање на две месечни потреби на државата од увозот на сончоглед којшто го имаме, додаде Николовски.

 

Коментари

коментар(и)