Дезинсекција (третман) против крлежи

На 20 и 21 април 2022 година (среда и четврток)во 05.00 часот на територијата на Општина Куманово ќе се изврши дезинсекција (третман)против крлежи. Целта на третманот е спречувањена ширење на заразни болести, каде како вектори се јавуваат истите. Со овој третман ќе бидат опфатени јавно-прометни зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, плоштадот и парковите. Третираните површини ќе бидат видно обележани и не се препорачува престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Коментари

коментар(и)