Десет милиони денари за субвенции за комуналии за повеќе категории граѓани

Денеска надлежните од секторот за социјална заштита информираа дека заврши рокот за поднесување барања за субвенционирање на комунални сметки во Куманово. Општината за оваа година го прошини опфатот на категориите и одвои десет милиони денари за субвенции за комуналии за повеќе категории граѓани кои граѓаните ќе ги користат една година.

Опфатот на ранливите категории граѓани кои можат да користат субвенции се самохрани родители, стечајни работници, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, лица над 65 години приматели на социјална пензија и глуви и слепи лица.

На двата јавни повици, првиот во јануари, вториот во февруари пристигнати се помеѓу 500 и 550 барања.

– Речиси сите од нив ги исполнуваат условите за субвенционирање. Овие ранливи категории граѓани, општина Куманово ќе ги субвенционира со комуналните сметки за смет и вода, согласно одлуката на советот-изјави раководителот на секторот за социјална заштита, Цоки Ристовски.

 

Коментари

коментар(и)