Детски спортски игри во Пелинце

Ја негуваме и пренесуваме традицијата преку игра“ е насловена манифестацијата во организација на градинката Ангел Шајче која што денеска се одржа во спортско рекреативниот центар во Пелинце. 350 дечиња од големите групи од сите шест објекти од македонски, албански и билингвални групи беа дел од годишниот настан на традиционални спортски игри, настан кој што претставува заокружување на воспитно-образовниот циклус во учебната година. Инаку, во рамки на Програмата за рано учење и развој и достигнување  на стандардите за рано учење и развој во детската градинка ,,Ангел Шајче“ и минатата и оваа година  по препораки на министерството за труд и социјална политика  во воспитно-образовната практика континуирано се внесувани традиционалните игри во непосредна работа со децата и вклучување на родителите на децата.

-Во денешно време кога децата се повеќе се пред компјутери, мобилни телефони, ние се обидуваме преку традиционални спортски игри да ги поттикнеме децата на спорт и спортските дисциплини кои што се многу битни за правилниот раст и развој на децата. Оваа манифестација се одржува втора година по ред, а соработката со здружението за спорт, рекреација и анимација ,,Штурчиња“ од  Скопје  трае седум години, изјави Марина Алексовска, директор на градинка „Ангел Шајче“

Во целокупната организација и реализација беа вклучија воспитувачки на децата, претставници од родители, претставници од Здружението за спорт, рекреација и анимација ,,Штурчиња“ од  Скопје, дел од техничкиот персонал и стручната служба заедно со директорката Алексовска.

– Соработката на здружението за спорт, рекреација и анимација ,,Штурчиња“ од  Скопје  со детската градинка „Ангел Шајче “  трае седум години. Спортските  игри се многу битни токму за оваа возрасна група , изјави Горан Никовски, професор на Факултет за физичка култура-ДИФ

Активностите на ниво на градинката „Ангел Шајче“ продолжуваат и наредните денови со организирање забава за мини матуранти. Завршната манифестација за потенцијалните првачиња во следната учебна година традиционално се одржува во дворот на градинките доколку тоа го дозволат временските услови. Минатата недела се одржа  забава за мини матурантите од градинката „Славејче“, а утре во објектот „Развигорче“ .

Коментари

коментар(и)