Дефекти во дистрибутивната водоводна мрежа

Од Регионалниот центар за управување со кризи, информираат дека поради дефекти во дистрибутивната мрежа ќе има прекини на водоснабдувањето на дел од улицата „11 Ноември“ (од бр.1 до бр.48), улицата „300“ во населбата Ајдучка Чешма, како и улицата „802“ во населбата Железничка станица.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

 

Коментари

коментар(и)