ДЗС: Намален бројот на основци и средношколци во земјава

Во учебната 2022/2023 година забележано е намалување на бројот на ученици во редовните основни и средни училишта во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Бројот на ученици во основните училишта изнесува 185.099, што е намалување за 0,8 отсто. Во средните училишта регистрирани се 69.227 ученици, што претставува намалување за 2,5 проценти во однос на претходната учебна година.

И Куманово не е одминато од трендот на иселување од државата, што може да се види од бројот на запишани ученици. Во учебната 2020/2021 година во средните училишта во градот имало 4.508 ученици, годинава таа бројка изнесува 4.126 ученици. Слична е состојбата и во кумановските основни училишта. Минатата учебна година биле запишани 1.208 ученици, а во 2022/2023 година запишани се 1.070 ученици.

Коментари

коментар(и)